Елена Ристеска обелодени: Бев вознемирувана – случајот го пријавив во МВР

0

Популарната пејачка и авторка Елена Ристеска откри дека пред неколку години била принудена да побара и заштита од полицијата поради тоа што била вознемирувана.

„Повозрасен човек ми пишуваше дека вселената нè предодредила да бидеме заедно и дека сум го разбудила од кома, па почна да ми доаѓа на врата. Тој случај заврши со пријава во МВР. Многу често фановите ги губат сетилата и почнуваат да прават нешта кои нè вознемируваат. Нè следат на улица, а тоа може да прерасне во опсесија и веќе не е поврзано со обожување, туку со пострашна форма на однесување“, изјави Ристеска за „Женски Магазин“.

Низ годините ѝ се случиле многу невообичаени ситуации. Повеќето биле симпатични гестови, но признава дека на своја адреса добивала и навредливи пораки. На автомобилот често наидувала на пораки на кои пишува: „Елена те сакам!“ или „Елена, омажи се за мене“.

“Има и луѓе со фантазијата без граници, па си замислуваат дека сме заедно и ми стигнуваат пораки од типот: „Оваа е нашата песна“ или „Те сакам, а ти не ми возвраќаш на љубовта“. Кога ќе се налутат ми пишуваат навредливи коментари. Има личности кои ми пишуваат преку триесет пораки дневно“ раскажа Елена.

 

Претходна статијаКајмакоски се отвори: За првпат откри на колку години го имал слаткото искуството
Следна статијаСпоред српски Телеграф: Дарко Лазиќ за шест месеци по втор пат ќе стане татко