Драма во болницата: Дарко Лазиќ почнал да се гуши, морал итно на операција

0

Иако се зборуваше дека здравствената состојба на настраданиот пејач Дарко Лазиќ е стабилна и од ден во ден се подобрува, вчеравечер во клиничкиот центар во Земун се случувала вистинска драма.

Имено, како што пишуваат српските портали, фолк пејачот морал итно да подлегне на нов хируршки зафат, заради обилоно крварење во едното белодробно крило, што предизвикало негова дисфункција и гушење.

Драмата започнала вчера, недела, 04 ноември, кон крајот на денот, кога Лазиќ се пожалил дека не може да дише, па откако лекарите веднаш направиле рентген снимка, на истата се покажала голема сенка, што навело на заклучок дека во левото белодробно крило се собира некаква течност. Тогаш било алармирано семејството на Дарко, дека итно мора да му се направи нов хируршки зафат.

Семејството било известено дека операцијата мора итно да се направи. Хирурзите му го пунктирале белодробното ткиво и ја пронашле причината за сенката која на Дарко му го отежнувала дишењето. Од белите дробови биле извадени дури два литри крв, пишува Блиц.

Здравствената состојба на пејачот сега била подобрена, а докторите цела вечер ја следеле состојбата. Како што дознава „Блиц“ денес докторите ќе одлучуваат дали е потреба уште една пункција.

Дарко Лазиќ веќе беше еднаш опериран поради крварење на внатрешните органи, а за време на операцијата му беше извадена слезината.

Претходна статијаВикторија Лоба до 1ТВ: Вие сте евтино трачерско дувло со естрадни квази новинари
Следна статијаМетеоролозите најавија кога се очекува да падне првиот снег во Скопје