До толку дојде работата: Филипче бара МВР и АРМ да ги обезбедуваат болниците

0

Mинистерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе побара од Министерството за внатрешни работи (МВР) да ангажира полиција која ќе стои пред Ургентниот центар на скопските клиники.

Ова доаѓа по нападот на медицинска сестра на Клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) од членови на семејството на починат пациент кој се лекувал на оваа клиника,

Филипче кажа дека пред неколку месеци разгледувале опција да има приватно обезбедување, но тоа се покажало како премногу скапо.

„Покрај разговорите со Министерството за внатрешни работи, кое како што знаете и самото се соочува со недоволен кадар, разговараме и со Министерството за одбрана, да видиме дали може да најдеме луѓе кои ќе го обезбедуваат Ургентниот центар.

Правиме проценки каде и колку луѓе треба и колку може да се обезбедат. Агенција за обезбедување нема да ангажираме, туку бараме луѓе од редовите на армијата или полицијата“, изјави Филипче.

Претходна статијаПаднаа маските: Упадот во Собранието на 27 април бил планиран – се организирал еден месец
Следна статијаЗорана по зголемувањето на градите: Солзи ми течеа, не можев да станам