Православната црква и верниците денеска го слават Галактон и Епистима. Духовната љубов на Галактон кон Епистима била толкусилна што тој не сакал да ја види со световни очи, бидејќи за духпвна љубов не е потребно ни тело, ниту средба!
Овие двајца христијански маченици денес се сметаат за заштитници на сите луѓе кои љубат, каква и да е таа љубов, братска, сестринска, пријателска, телесна, духовна…Како што нивниот живот посведочил, љубовта секогаш преовладува над сите несреќи и ако е силна и чиста ништо не може да ја угасне.
Старите велат дека на денешен ден може да ја откриете вашата сродна душа. пред спиење, според обичајот, треба да ја изговорите оваамолитва и личноста која ќе ја сонувате вам ви е судена!
“Маченици твои Господе, во страдањето свое примиле непоропадлив венец, од Тебе Богот наш, бидејќи имајќи ја твојата помош ги победија мачителите, а ја разорија и немоќната дрскост на демонот:Со нивните молитви спаси ги душите наши“.