Да не беше смешно, ќе беше трагично: Унгарија праќа полиција во Македонија за да ја штити границата од мигранти

0

Унгарија ќе прати полициски контингент со 30 полицајци во Македонија за да се зајакне заштитата на границата од илегални минувања на мигранти, соопшти унгарското МВР.

Оваа вест беше соопштена вчера, еден час откако Кабинетот на премиерот Виктор Орбан потврди дека осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски е во Будимпешта и побарал азил во Унгарија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски завчера рече дека Груевски ја напуштил Македонија преку илегален премин, но нема официјални податоци за тоа каде точно се упатил и од каде и на кој начин влегол во Унгарија.

Според унгарската полиција, контингентот ќе патролира на македонско-грчката и македонско-бугарската граница, а опремен е со теренски возила, уреди за ноќно гледање, рачни термални камери, заради откривање и спречување на илегални преминувања и спречување трговија со луѓе и шверцување нелегални мигранти.

Целата сторија прочитајте ја на: СДК.мк

Претходна статијаТортевски: На Груевски треба да му се пуштат луѓе во Будимпешта да го сретнат на улица
Следна статијаКлопчето се одмотува: По Албанија, уште една држава потврди дека Груевски бегал низ нивна територија