Банален инцидент го прекина снимањето на новиот спот на Благоја Грујовски

0

Како што пренесува „естрадаплус“, на денешното снимање на видео записот  на Благоја Грујовски за неговата песна “Сон печалбарски” посветена за општина Жупа, каде што и впрочем се снимаше спотот исчезна дронот од ИН продукција.

Имено, при снимањето во месноста Мал Папрадник  кај селската чешма, дронот беше заборавен од екипата на ИН продукција во непосредна близина додека се обавуваа работните обврски при снимањето.

По кратко време од страна на екипата е увидено дека го нема дронот, по што веднаш беше воспоставен контакт со локалното население , но засега нема никаква трага.

Случајот веднаш е пријавен во полиција од каде се превземаат соодветни мерки за пронаоѓање. Снимениот материјал од видео записот на Благоја Грујовски остана во дронот, а снимањето ќе продолжи наредните денови.

Претходна статијаФОТО: Се сеќавате ли на Хурем – по пластичните операции тешко дека ќе ја препознаете
Следна статијаАлександра со емотивна исповед: Со години трага по биолошките родители и е подготвена на сѐ