Апсењето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков го загрозува процесот на уставните промени и националното помирување.
Алсат од доверливи извори дознава дека синоќа, кога Мијалков беше лишен од слобода за да се однесе во истражниот затвор во Шутка, бил на консултативна средба со осумте пратеници исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа за уставните измени на 19 октомври.
Средбата се одржа во хотелот “Мериот” во центарот на Скопје. Извори од групата пратеници за Алсат ја потврдија средбата со поранешниот шеф на УБК, не давајќи детали за темите на кои се дискутираше, јавува Алсат.
Пратениците кои ги контактираше Алсат, во анонимни услови потврдија дека по апсењето на Мијалков и претходно на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се се доведува во прашање процесот на уставните измени и националното помирување.
Еден од пратениците кои гласаа за измените додава дека апсењата претставуваат напад врз процесот на започнатиот процес за помирување, додавајќи дека во овој момент се уште не е одлучено како ќе се продолжи понатаму.
Неофицијално се шпекулира дека Мијалков бил тој кој што ги убедил осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени. Дури, поради овие сомнежи, опозициската партија одлучи да го отстрани Мијакови, обвинувајќи го за криминална соработка со братот на премиерот Заев, Вице Заев.
На ваквиот потег на опозицијата, Мијалков одговори со отвореното писмо упатено до претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски кого го обвини дека е лажен патриот и човек кој работи против стратешките цели на партијата.