Познато е колку е тешко да се постигнат сите нешта кои ги сакаме во животот – да се биде добар родител, сопруг/а, мајка или татко и добар работник на работа. На жените им е уште потешко, поради постојаниот притисок дека мораат да бидат одлични на сите полиња, но и истовремено да направат баланс во тоа.
Но, јас одлучив да немам деца.
Тоа ми помогна да инвестирам во себе. Денес, многу родители ги растат своите деца, го планираат нивното образование, но мојот живот не се вклопува во таквиот калап. Многу години претходно, одлучив да немам деца, за да се посветам на кариерата. Денес, имам 51 година и работам како успешен адвокат, имајќи го сето време да живеам онака како што мислам дека е најдобро.
Многу жени чувствуваат природен мајчински инстинкт. Мислам дека е прекрасно, но тоа не е за мене. Јас едноставно не се вклопувам во таа приказна. Се сеќавам дека како помлада, често ми велеа дека ќе го променам мислењето кога ќе бидам повозрасна, но тоа не се смени. Мојата желба за независност и самооткривање секогаш беше поголема од желбата да станам мајка.
Дипломирав на 22 години, а го отворив својот бизнис на 28 години. Оттогаш, работата се состоеше од многу жртви, работни викенди и празници. Бев зафатена со барање нови клиенти, вработувања, обуки и подобрување на своите вештини. Дури и да посакав деца, невозможно беше во тој хаос.
Иако неколку пати имав можнос да се омажам, јас секогаш ја одбирав работата. Секогаш бев искрена за тоа со мажите со кои бев во врска, а дел од нив мислеа дека можат да ме предомислат, но никој не успеа во тоа.
Оваа одлука ми донесе голема финансиска слобода. Да имав деца, можеби немаше да успеам толку и немаше да имам можност да вложувам во себеси, за нештата кои ме правеа среќна.
Звучи како да не размислував многу за раѓањето деца, но не е така. Тоа е одлука која ја донесов со леснотија, но која ја преиспитував постојано. И, секогаш бев сигурна дека тоа е најдобрата одлука. Тоа е моја одлука и каква и да им изгледа на другите, таа едноставно е таква. Наместо да вложувам во семејство, јас одлучив да вложувам во себе. Задоволна сум со тоа.