Живот на свеќа, избуткан на раце: 65-годишен инвалид оставен сам да се грижи за себе

0

Живот на свеќа, избуткан секојдневно на раце. Ова е животната голгота на Кемал Курталиев од Крупиште. Останал инвалид пред четири години. Од тогаш Кемал буквално преживува.

„Се влечам низ собата за да излезам надвор да си земам нешто за јадење“, раскажува низ солзи Кемал Круталиев.

Иако има скромна пензија, 65 годишниот старец се снаоѓа како знае и умее. Најблиските, по потрага за подобра егзистенција, одамна ја напуштиле Македонија и еднаш во годината, на кратко се тука да го видат. Тврдат, не се проблем пари, проблем е да се обезбеди ангажман на лице кое би се грижело за нивниот татко…

„Седи на свеќа, може да запали нешто и тој самиот да изгори. Би требало да има некое лице кое ќе доаѓа и ќе обезбеди нега“, вели Трајче Курталиев, син на Кемал.

Скромно среденото собче е целиот свет на Кемал. Најголем проблем за него е оддржувањето на личната хигиена. Соседите се на помош, но не често…

„Можеме да извадиме количката, даму помогнеме во движењето, но кога сме овде, кога не сме , не можеме ништо“, вели Ранко Тодоров, сосед на Кемал.

И овој ден е еден вид победа за Кемал. Суровоста на судбината не го обесхрабрува. Напротив, тоа е порив, што го оддржува старецот. Бескомпромисен предизвик катадневните активности во инвалидската количка и на раце да ги решава најдобро како знае и умее.

Извор: ТВ Стар

Претходна статија(ВИДЕО) Рамов Бејхан од Битола го полуде жирито на Гранд – ова пеење треба да се види
Следна статијаЈелена Розга: По природа сум мирна, но знам да полудам