Заев на прес порача: Да живее Македонија, да живеат граѓаните на Македонија

Премиерот Зоран Заев пред неколку моменти имаше прес-конференција на која имаше кратко излагање по денешните случувања и гласање во Собранието.

„Им се заблагодарувам на сите пратеници кои гласаа за уставните промени. Особено на оние од опозицијата кои и покрај огромниот притисок од нивната партија не потклекнаа. Сакам да и порачам и на оние кои не гласаа, вратите секогаш за нив се отворени и добредојдени и искрено верувам дека ќе се промени нивното мислење. Да живее Македонија, да живеат граѓаните на Македонија“, изјави Заев.

За половина час се очекува обраќањето и на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христија Мицковски.