ВМРО ДПМНЕ: СДСМ им скрати 7 милиони евра на младите во Македонија

0

СДСМ во изминативе 2 години во кои е на власт докажа дека воопшто не се грижи за младите во Македонија.

Ниту едно од ветувањата не е остварено. Напротив, постојано сме сведоци на нови кратења во инвестициите за креирање можности за младите.

Негрижата на СДСМ за младите се покажа и со последниот ребаланс на буџетот. Со ребалансот, СДСМ крати од оние сектори кои се најважни за младите во Македонија. Цели 7 милиони евра!

Владата на СДСМ крати цели 170 милиони денари за изградба и реконструкција на студентски и ученичките домови. 48 милиони денари помалку средства ќе има за превод на книги од реномирани автори, а дури 87 милиони се кратат од средствата планирани за изградба и реконструкција на основни училишта.

Тоа не е се. Владата на СДСМ крати 30 милиони денари од парите наменети за изградба на училишни спортски сали, 43 милиони денари помалку ќе има за изградба и реконструкција на средни училишта како и 50 милиони денари помалку за спортски објекти.

Да повторам, тоа се преку седум милиони евра помалку за младите луѓе во Република Македонија!

Затоа и резултатите се поразителни. Македонија е на трето место во светот по младинска невработеност. Повеќе од 50 проценти од младите немаат работа иако голем дел од нив се и високо образовани. Штетните политики на СДСМ кон младите предизвикуваат егзодус на младите од државата. За младите не дојде животот кој им го ветуваше Заев.

Но, за ВМРО-ДПМНЕ младите се врвен приоритет. Ние точно знаеме што им недостасува на младите и тоа ќе биде дел од партиската програма во наредниот период. Ќе ја вратиме надежта кај младите дека Македонија ќе победи. Младите ќе победат.

Претходна статијаГолемо незадоволство во МВР: Полицајците веќе од јануари бараат драстично поголеми плати
Следна статијаЈа фатив жената со мојот прв другар во креветот, а потоа направив нешто поради што се каам