Тврдокорни: Не очајувајте ,ова парче земја носи само едно име – Македонија

Драги Македонци и Македонки

Во овие тешки времиња кога нашите срца се завиени во болка од предаството извршено од страна на одредени поединци кои имаат наша крв и месо, ќе објавиме проглас кој е наша обрска.

Јануари 2017 година свесни дека овој ден ќе биде неизбежен ако не се формира патриотско движење кое ќе го сплоти народот во одбрана на националната кауза, ги формиравме Тврдокорни.
Почнавме амбициозно, бевме прифатени од народот целосно, верувајќи во нашата идеја, идеологија и чесноста на младите луѓе кои ја основаа.

Сепак младоста скапо не чинеше, разни петоколонаши и паразити кои нема да ги споменуваме сега , бидејќи не се достојни за тоа, ја уништија привмрено оваа борба, бидејќи идејата не може да ја уништат никогаш.

Сакаме да се извиниме до вас што не успеавме да одолееме на тие притисоци, зошто доколку успеевме да издржиме јуначки, денес немаше да го доживуваме ова што ни се случува.

Партиите во Македонија се исти, без идеологија, со интерес, тие се едно тело , едно срце, само вие обични граѓани, политички активисти и членови сте наивни да се расправате меѓу себе, да ширите омраза меѓу вас, додека тие се богатат и си ги местат тендерите.
Ако после ова денес не ви се јасни работите, тогаш стварно и не заслужуваме држава.

Државата ја изгубивме привремено, а дали ќе биде вечно зависи од нас самите.

И не очајувајте, подобро вашите срца и души да се во болка завиена од љубов кон татковината, отколку да ликува со пари од нејзината продажба.

Ниту со 120 гласа ЗА не може да ја избришат од нашето срце и да ни ја избришат од нашата памет, дека ова парче земја носи само едно име, МАКЕДОНИЈА.

Со почит
Тврдокорни -Десен Сектор