Циркус на наплатната рампа „Градско“: Мигранти од Иран се скарале со шверцерите од Велес, па им ги украле клучевите од колата

0

На 17.10.2018 година околу 04,00 часот од наплатна рампа „Градско“, на полициските службеници од Полициската станица Неготино им било пријавено дека во близина на објектот на новата наплатна рампа, непознати лица барале помош.

По преземени мерки на местото на настанот биле пронајдени И.Р.(36) и С.Р.(20), двајцата од Велес, потоа патничко возило „Митцибуши“ и четири лица, мигранти од Иран, кои изјавиле дека биле превезувани во наведеното возило, управувано од И.Р.

Поради недоразбирање со двете лица од Велес, мигрантите им го одзеле клучот од возилото и настанала вербална расправија. И.Р и С.Р. биле приведени во полициската станица Неготино, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Скопје и Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.

Претходна статијаАпасиев им го „плесна“ на сите оние што гласаа на референдумот
Следна статијаУтре пола Скопје ќе остане без струја: Познато во кои општини ќе има прекин