Српската ѕвезда на седативи: Марија Шерифовиќ призна дека не може без таблетка лекови

0

Марија Шерифовиќ јавно призна дека конзумира лекови за смирување. Популарната пеачка откри дека во продолжение на натпреварувањето „Ѕвезда Гранд“ ќе пие по една таблетка седативи за смирување.

Откако еден натпреварувач ја изведе својата песна, жирито го критикуваше,а кандидатот се правдаше дека има трема. Јелена Карлеуша му порача дека тоа мора да го контролира и дека тој проблем е за психијатар, а Шерифовиќ му ги понуди своите таблети.

„Ќе ти ги дадам моите таблети за смирување и Бог да те види“ изјави на шега, а жирито на тоа убаво се насмеа.

Веднаш потоа натпреварувачот се определи Марија да му биде ментор, па Саша Поповиќ не пропушти прилика да ја испровоцира.

„Кога кандидатот на Марија ќе пее, таа ќе седи од страна и нема да може да коментира. Тоа ќе го правиме ни и ќе гласаме“ рече тој.

Но Марија продолжи и понатаму да се шегува на своја сметка, па откри дека има решение за тоа.

„За таа прилика јас ќе испијам таблетка лекови за смирување. Ќе седам мирно и ќе посматрам како пее мојот кандидат“, изјави Шерифовиќ.

Претходна статијаМакедонска работа: Се качиле на автобус за Копенхаген, па се испотепале
Следна статија„Постојано сум во минус, живеам на кредити“ исповед на позната пејачка