Човекот заминал во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ да се лечи, но доживеал уште поголем пех. Бил згазен од автомобил, па итно завршил на Ургентниот центар.
На 16.10.2018 година во 11,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на сервисната улица во кругот на Комплекс клиники “Мајка Тереза“ патничко моторно возило “Пежо-206“ со скопски регистерски таблици управувано од Х.Н.(29) од Скопје удрило во пешак А.Г.П.(69) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Г.П., која со истото возило била пренесена во Ургентнтиот центар при Комплексот клиники. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.