Скромна и ненаметлива – Александра Заева со момчето во Истанбул (ФОТО)

0

Александра Заева, ќерката на премиерот Зоран Заев, сѐ почесто можеме да ја видиме низ медиумите, кои го коментираат нејзиниот живот или пак нејзиниот стил. Таа е згодна, а очигледно и под големо влијание на модните трендови.

Заева е во врска со Иван Проданов, момчето со кое убавата струмичанка летото го помина во Грција, односно на островот Крф. Александра и Иван се во повеќегодишна врска, тие и во изминатиот период летуваа заедно, а како дестинации ги одбраа Виена и Будимпешта.

Овојпат, преубавата Александра објави фотографија на Инстаграм од Истанбул. Секако, во друштво со своето момче. Општ впечаток е дека Александра е скромна девојка, која не сака во голема мера да се експонира во јавноста, туку само повремено објавува фотографии од своите дестинации.

Претходна статијаБучковски сака да биде амбасадор во САД, ама сеуште не разговарал со Заев
Следна статијаГрчки професор: Ако пропадне Договорот со Скопје, Грција ќе мора да прифати двојно име