СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.Д.(64) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“.
На 30.09.2018 година на гласачко место во основното училиште „Димитар Влахов“ во Штип пријавениот откако го остварил неговото право на глас, во присуство на членови на избирачката комисијата, го зел гласачкото ливче од неговата сопруга Ф.Д. и го скинал.
На референдумот за името, „за“ гласаа 600.405 граѓани од излезени 657.045, што е 91,38%. „Против“ гласови има 36.956 или 5,62%.