Осуммината пратеници од опозициските редови кои вчера во Парламентот ги подржаа уставните измени, од синоќа се под засилено полициско обезбедување.
Меѓу нив под полициска заштита е и домот на еден од охридските пратеници. Камерата на ТВ 24 утринава забележа полициско возило пред неговата семејна куќа, а од МВР потврдија дека под обезбедување се и останатите пратеници.
„Се преземаат стандардни мерки за гарантирање на безбедноста. МВР ја гарантира безбедноста на сите граѓани и секако на пратениците” – велат од МВР.
Инаку освен охридските и останатите шест пратеници од опозициските редови кои гласаа „За“ уставните измени од синоќа се изложени на големи притисоци, навреди и омаловажувања во јавноста, од свои сопартијци и приврзаници на партијата на социјалните мрежи ословувани како предавници на македонскиот народ.
Не се само овие осум пратеници кои полицијата ги надгледува, истото е и со сите пратеници од СДСМ и коалицијата кои исто гласаа „ЗА“.