На 16.10.2018 година околу 23,55 часот во Тетово во Универзитет на Југоисточна Европа, во објектот – котлара, од страна на внатрешното обезбедување бил забележан пожар на кровната конструкција, при што истата целосно изгорела.
Во моментот на пожарот котларата не била во функција односно не работела и повредени лица нема. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Тетово во 00,15 часот пожарот бил локализиран.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Тетово. Се работи на целосно расчистување на настанот.