Соопштение за јавност
Отвореното писмо од помошник државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт депаретментот, Вес Мичел е последниот доказ дека целиот демократски свет, партнерите и сојузниците на нашата татковина, сакаат да ја видат Македонија како стабилна и безбедна држава, полноправна членка на ЕУ и НАТО.
Само врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против интеграција и сакаат да ја вратат држава во темното минато на изолација и неизвесност.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се разочарување!
Но, сега секој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ има шанса со поддршка на процесот во Собранието, на дело да покаже дека навистина е за членство во ЕУ и НАТО, дека навистина се за остварување на врвните стратешки државни и национални интереси.
Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжат со своето деструктивно однесување и по секоја цена ја блокираат иднината, тогаш следуваат предвремени парламентарни избори веднаш на кои граѓаните ќе одлучуваат за својата иднина.
На тие избори, граѓаните ќе гласаат за ЕУ и НАТО и ќе биде обезбедено потребното двотретинско мнозинство.
Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО без разлика на деструктивното и антидржавно однесување на Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.