„Сакав да избегам од него“: Скопјанката Елеонора од „Задруга“ проговори што преживеала од момчето

0

Во новата сезона на реалното шоу „Задруга“ влезе и Македонката, Елеонора Миљковиќ.

Таа ги воодушеви присутните со својата убавина, но многу малку луѓе знаат дека зад таа насмевка се крие една тажна приказна.

Во интервју за Пинк, таа прозбори за својот емотивен статус и за своето поранешно момче со кое била седум години во врска.

„Раскинав седумгодишна врска. Момчето ми беше љубоморно и посесивно, кога еднаш ќе пукне не може да се состави. Не му дадов повод, јас кога ќе сакам некоја личност, јас само нејзе ја гледам, другите мажи не ги гледам на тој начин. Немаше никаква причина за тоа, а често правеше некои сцени, вели Елеонора.

Елеонора истакна дека во седумгодишната врска со момчето доживеала вистинска тортура.

„Јас не смеев до продавница да одам а да не го прашам. Имаше многу, многу такви непријатни ситуации, не можам на сите да се сетам“, вели македонската учесничка во „Задруга“.

Иако се обидела да му прости, сепак не можела да помине преку физичкото насилство.

„Првите пет години не правеше такво нешто, а потоа стана насилен. Имаше некои насилни движења, но никогаш не ме удри…По пет години првпат крена рака на мене. Секако, не му останав должна, се тепавме. Од тој момент се стана катастрофа, изјави Елеонора.

ој и бил прво момче во животот, а со него е од седумнаесет години. Таа објасни дека тој и бил слаба точка и си мислела дека ќе биде подобро, но тоа не се случило.

„Мислам дека ќе се одморам. Сакав да побегнам од него. Ова трае долго време, психички попуштив, добив тахикардија. Кога ќе се изневрирам, не ми е добро, ми се тресат рацете“, вели Миљковиќ.

Инаку, Елеонора е дипломиран правник, а сега има и запишано мастер студии, но и работи како фотомодел, снима спотови и реклами.

Извор: Вистина

Претходна статијаВо садот каде што ги чувате ситните парички наросете малку сол – ќе ве прати среќа и благосостојба
Следна статијаПалмер: Нема потреба од средба со Мицкоски и Иванов – ним им беше кажано сè преку писмото на Мичел