Како што беше најавено од претходн, денес започна блокадата и протестите пред Собранието каде што пратениците денес треба да гласат за отворање на Уставот.
Мал број на луѓе за сега се наоѓаат пред Собранието каде е најавен протест кој ќе се одвива истовремено со пленарната седница на која пратениците треба да гласаат за отворање на Уставот. Протестот е организиран од здружението на граѓани „Преродба“, од каде најавија протести и блокади пред Собранието секој ден со почеток во 10.00 часот.
Дел од присутните веќе го искажуваат своето незадоволство од можната промена на Уставот. Но евидентно е дека нема премногу демонстрантни.
Фото:Фокус