Ајде да ги ослободиме луѓето кои во еуфорија на 27-ми април, ненамерно направиле глупост. Таа работа треба да заврши во парламентот, со едногласно крената рака, вели Митко Јанчев, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Јавноста го познава како успешен бизнисмен, исклучително посветен градоначалник на Кавадарци, но пред сѐ, како личност која секогаш отворено ги искажува своите ставови, без разлика дали се совпаѓаат со партиските. Остава впечаток на модерен политичар, кој не се вклопува во шаблоните за слепа партиска послушност и пеење во „хор“. Важи за транспарентен, отворен и секогаш подготвен за разговор.
Митко Јанчев, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и еден од тројцата потпретседатели на партијата, поради бројните градоначалнички обврски не ја гледал во целост вчерашната седница на парламентот, на која започна дискусијата за владиниот Предлог за пристапување кон измени на Уставот. Но, сепак, од информативните емисии ги слушнал пораките што ги изнеле пратениците. Првата негова оценка за нив е „незадоволителна“.
Во интервју за Дојче веле на македонски јазик тој истакна дека ја прифаќа амнестијата
– Кажете ми, како го разбравте вие? Јас го разбрав како повик за амнестија. И ајде да ја направиме таа амнестија. Ајде да ги ослободиме луѓето, кои во таа еуфорија на 27-ми април, без намера или некаква организација, ненамерно направиле глупост. Таа работа треба да заврши во парламентот, со едногласно крената рака за амнестија на сите. Јас така би постапил.
Целото интервју проследете го на Дојче веле на македонски јазик