Познатиот глумец бил сведок на стравичната експлозија: По она што го видов, не можам ниту да јадам

0

Познатиот глумец Воја Брајовиќ денес се затекнал на улицата „Војводе Степе“ каде што експлодираше автомобилот кој го управуваше таткото на ТВ водителката Маријана Мичиќ. Како што наведуваат медиумите Воја бил во близина каде што требало да сними една емисија.

„Војо планираше да јаде кај нас, но по експлозијата само влезе и ни кажа да ја откажеме нарачката, после она што го виде не можеше да јаде“ раскажа за српските медиуми вработе во хостел кај Вождовац.

Соговорникот кажа дека експлозијата била стравична. Притоа потенцираше дека таткото на водителката поминал со лесни повреди бидејќи детонацијата го исфрлила од возилото.

Цела среќа во несреќата е што возачот на возилото е жив и притоа без сериозни повреди по неговот здравје. Од друга стран пак автомобилот „Голф 4“ потполно е уништен и изгорен.

Претходна статијаПредлогот на Заев атрактивен: Висок функционер на ВМРО – ДПМНЕ прифати амнестија за 27-ми април
Следна статијаШтипјанец го скинал гласачкото ливче на референдумот, па заработи кривична пријава