Иако многумина мислат дека јавните личности живеат како бубрег во лој, тоа од рака им оди само на неколкумина, барем кога станува збор за овие простори, пред се во Србија.
Популарноста на нашите простори е прилично диспропорционална на заработката поради што беше спроведено истражување кое имаше цел да се дознае колку чини животот на еден пејач.
Во разговор со една музичка ѕвезда која спаѓа во редот на популарните дознавме дека живее во постојан минус и тоа на кредити. Ако на тоа се додаде дека е самохрана мајка на бебе и на тинејџерка, работата станува уште полоша. Во слични проблеми се и нејзини други колеги кои можеби не се самохрани родители, но заработуваат помалку од нејзе.
Како што наведува, само за да го помине месецот и се потребни 8540 евра. Меѓутоа кога ќе дојде време да се сними нова песна и да се направи спот, сумата скокнува за 20.000 евра.
Месечните трошоци би оделе вака некако, 1500 евра за стилист, фризура и шминка 950 евра, трошоци врзани за децата 3000 евра, третман за тело, тренинзи и шофер 1440 евра, потрошувачка корпа 1700 евра.