Откако беа прозвани: СЈО се огласи дали му го вратиле пасошот на Мијалков

0

По пишувањата на некои медиуми дека СЈО му го вратило одземениот пасош на Сашо Мијалков против кој ова обвинителство покрена повеќе кривични пријави, извори од СЈО за НОВА категорично ги демантираат ваквите наоди.

“СЈО досега не донело ниту една позитивна одлука по барањата за враќање за патните исправи поднесени од лица на кои истите им се одземени а против кои СЈО покрена кривични пријави. Со еден ислучок кога станува збор за Драган Павловиќ Латас на кој СЈО му ја врати патната исправа поради лекување на член на потесното семејство во странство” велат за НОВА од СЈО.

Претходно, порталот Магазин.мк објави дека „додека се подготвуваше седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот, со обидите Сашо Мијалков да биде сменет актуелниот претседател на партијата Христијан Мицкоски, Специјалното јавно обвинилество (СЈО) го награди обвинеиот поранешен директор на контраразузнавањето со враќање на патната исправа“.

Порталот Магазин уште додава: Имено по објавата на истражните постапки од страна на СЈО и Катица Јанева, на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање како времена мерка за претпазливост, на барање на СЈО, Кривичниот Суд Скопје му ја одзеде патната исправа – пасош како мерка за безбедност, пишува порталот.

Вчера низ ткн независна, законска и проевропска, ЕУ интегративна процедура со одобрение на СЈО и Јанева, судот му го вратил пасошот на Сашо Мијалков.

Претходна статијаМНР го негира тврдењето на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани од САД
Следна статијаЕди Рама како Христијан Мицкоски: Започна со голем број на разрешувања во Албанија