МВР во жестока пресметка со возачите – ако сте пиеле, воопшто не помислувајте на волан

0

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 23.00 часот на 13.10.2018 година до 05.00 часот на 14.10.2018 година спроведе акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 188 возачи. Кај 25 од нив било утврдено присуство на алкохол во крвта.

По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, кон возачи преземени се вкупно 113 мерки.

Исклучени се 25 возачи од сообраќај, времено се одземени 19 возачки дозволи, издадени се 39 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.

Претходна статијаНе можат меѓу себе да се разберат оној што бара човечка правда, со оној што бара Божја правда
Следна статијаФОТО: Лила Филиповска и Сергеј Варошлија се заедно – открија каде се наоѓаат