Еден продавач на сладолед од Пакистан е, или најсреќниот човек на светот или најголемиот баксуз.
Мухамед Абдул Кадир, кој инаку живее во сиромаштија, дознал дека на својата банкарска сметка има дури 2,3 милијарди рупии, односно околу 14 милиони фунти. Дека е милионер, тој можеби никогаш не би дознал ако на неговата врата не затропала Федералната агенција за истраги која го уапсила Кадир.
Имено, инспекторите на ФИА истражувале меѓународна измама околу перење пари, која вклучувала десетина лажни банкарски сметки, па така дошле и до Кадир.
“Јас сум човек кој има најмалку среќа на светот”, изјавил Мухамед. “Во моментот кога дознав за огромната сума пари, повеќе ги немаше” – додал тој.
Кадир признал дека фактот што станал несуден милијардер му го превртел животот наопаку. Тој зборува дека сега соседите му се потсмеваат и дека не се чувствува безбедно бидејќи се плаши дека гласините за необичното богатство би можеле да му донесат многу проблеми.
Пред две години, Државната банка на Пакистан ги известила ФИА за сомнителна трансакција во наводната сметка на Кадир, која била отворена помеѓу 2014 и 2015 година кога недопрените милиони биле повлечени. ФИА оценила дека Кадир не е вмешан во тоа, иако сметката била воспоставена со користење на валидна копија од неговата лична карта, од проста причина што несудениот милијардер не умее ни да пишува.