Коцкар загубил пари во казино, се жалел на суд – пресудата била во негова корист

0

Австрискиот суд донесе до овој момент невидена пресуда, откако ја прифати жалбата на зависник од коцкање, при што го осуди казиното.

Казиното „Новоматик“ сега треба да му исплати на својот поранешен клиент 2,5 милиони евра. Пред судот тужителот изјавил дека во Виена во периодот од 2002. до 2012. година на автоматите изгубил повеќе од 2 милиони евра.

Според вештачењето на психолот, тужителот пати од „преголема потреба за игри на среќа“, па не можел да се воздржи од играње на апарати.

Судот пресудил дека казиното го прекршил законот за игри на среќа, со тоа што на своите автомати примал и исплаќал поголема сума на пари отколку што е дозволено.

Пресудата не стапува веднаш на сила, бидејќи од „Новоматик“ најавиле жалба на истата.

Претходна статијаНивниот збор значи моќ и огромно влијание: Овие четири хороскопски знаци се особено опасни
Следна статијаЈас сакам да се вратам: Се повеќе наши иселеници од Швајцарија и Германија се на ова мнение, не било како порано