Комшиите требаше да излезат и ме замолија да им го причувам детето, ама овој мал демон од кожа ме извади

0

Ова никогаш во живот не сум го доживеала, ниту помислив дека некогаш ќе го доживеам, затоа ви го кажувам. Комшиката ме замоли да и го причувам детето на 4-5 саати, зошто требало да оди на погреб во друг град. Нормално дека се согласив, мислев дека нема да ми биде тешко зошто ги имам чувано внуците од сестра ми безброј пати.

Луѓе мои, па јас бев шокирана колку ова девојче од 5 години може да биде безобразно и хистерично! Во еден момент почна да си ја мава главата со тупаници, па тоа не и беше доста, па легна на земја и таму почна од земја да си ја мава главата. Ако не беше по нејзино веднаш почнуваше да се дере, да расфрла, да вриска ко да ја дерат.

Го зеде далечинското од телевизорот и почна да го зголемува тонот до максимум, а кога и реков да намали ми го тресна од глава. И направив макарони да јаде а она ја зеде чинијата и ги фрли во веце шолјата.

Не можев ниту да ја заиграм, ниту да ја смирам, бев немоќна. Ми се плачеше и ми доаѓаше да ја фатам и да ја тепам, да ја тепам, макар што никогаш во животот не сум дигнала рака на некого, а не па на дете.

Ми ги извади сите тенџериња од плакар, тропаше со нив, ги отвори сите фијоки и плакари, ми ги расфрлаше чорапите и алиштата, направи лом! Ми ги искина сите списанија и не можев никако да и ги отргнам од раце. Немаше веќе каде да се стапне од што беше расфрлано по подот.

Врвот на цел безобразлук, беше кога се врати комшиката да си ја земе ќерката, а јас и раскажав колку била немирна и дека ми должат хемиско чистење на станот и извинување за бабата што живее под нас. Таа си ја зеде ќерката и со презир ми рече: Ете Господ зошто на некои не им дава деца!

Од тогаш не зборуваме. Не само што ме навреди, туку и длабоко ме повреди. Заслужува тука со име и презиме да ја кажам, ама нема да се симнам на нејзино ниво.

Истово и го раскажав на една моја блиска пријателка, а таа ми вели „па тоа денес е нормално“. Како може да биде нормално?? Каде исчезна детската невиност?? Па луѓе мои, ми требаше цела недела да се опоравам од детево што ми направи, да не зборувам од шокот, стресот и навредата од мајка и. Како може ова да биде нормално.

Што се случува со денешниве деца? Не може никој да ме убеди дека сите деца се исти, има и мирни и воспитани деца, а ова не беше дете туку дериште!

И.П.

Претходна статијаВИДЕО: Слушнете како звучи овој ангелскиот хор снимен во празна црква на врвот на Света Гора
Следна статијаАрау и Германскиот кантон во Швајцарија не би ги менувал за ништо на светот