Клетви фаќаат преку сол и шеќер, позајмени алишта и пари – може да се заштитите

0

Секоја позајмена работа може да биде урочена: клетви може да стигнат и преку пари!
Алишта, чевли, мебел и други предмети имаат својства да ја впиваат енергијата од оној кој ги употребува и носи, па така, многу лесно може да се пренесат на друго лице. Затоа, позајмувањето никако не се препорачува.

Речиси не постои човек кој барем еднаш не си помислил дека е баксуз или дека го следи лоша среќа. Исто така, повеќето од нас сме суеверни и си имаме некоја облека или предмет што ни носи среќа, па токму тој го носиме кога ни претстои некој важен момент тој ден.

Луѓето не само што можат преку контакт или разговор да пренесат добра или лоша енергија, туку тоа може да го сторат и преку предмети. Затоа, опасно е да се позајмува и да се дава на заем. На тој начин може да си навлечете и преземете нешто лошо од таа особа, особено ако имала намера да нанесе штета. Преку предметите може да се влијае и врз волјата на одредена особа, за да се постигне некоја цел.

ВТКАЕНИ КОНЧИЊА

Лоша енергија најчесто се пренесува со позајмување на гардероба, особено на оние делови од облека кои се облекуваат на гола кожа. Дури и кога туѓото парче ќе се испере и облече, на него остануваат „траги“ од некој ритуал со кој се сакало да се изврши потчинување. Доказ за таквата намера обично е протнато тенко, црвено конче во некој агол каде тешко се забележува на блузата или маицата.

Додека се вшивува кончето се изговара бајалка во стилот: „јас и ја давам мојава облека, а таа ја прима мојата волја“. Уште поголема опасност се крие во обувките. Чевлите, чизмите и патиките се неворајатно силни магиски предмети бидејќи во симболична смисла го носат не само телото, туку и умот и духот. Сигурно сте сретнале чевли или чизми обесени на гробишта: тоа се најтешките црни магии кои се извршуваат за да му се наштети на лицето кое ги носело.

ВО ОБУВКИ И МЕБЕЛ

Понекогаш може добро да се чувствувате во туѓи чевли или патики ако ни ги позајмиле широкоградо, бидејќи сопственикот во нив втиснал позитивна енергија. Но, ако позајмувањето било неволно или со лоша намера, тогаш последиците од носењето на таквите обувки може да бидат катастрофални. Од ситни малери кои секојдневно ќе не сопнуваат, до падови и фрактури.

Истото се случува и со другите предмети кои ги внесуваме во домот. Секоја позајмена работа може да биде урочена, изложена на светлост и омагијана со бајалка во стилот: „јас го дадов во добро, ама неа, ако мора, нека ја снајде лошо“.

Мебелот на кој се седи, спие и поминува најмногу време во текот на денот никако не смее да биде позајмен, половен. Иако е чист и уреден, носи невидливи траги од животот на бившите сопственици, па така и нивните солзи, кавги, болести… Уште поголема опасност претставува спиење на половни душеци, бидејќи ако врз него лежел болен човек или можеби умрел, може да се случи да емитува лоша енергија, да предизвика болест или дури и она најлошото.

ДОДЕКА Е КАЈ МЕНЕ, ДОБРО НЕКА МИ СЛУЖИ – ПОЗАЈМЕНИ ПАРИ

Неразбирањето и нетрпеливоста кон оние кои вистински ги сакаме, најчесто доаѓа до израз при позајмување на пари. Иако тоа ретко кој го признава, никој не сака кога нешто му се бара на заем. Бидејќи не можат да ја одбијат позајмицата, во поголемиот број случаи луѓето им позајмуваат пари на своите пријатели со притаено незадоволство и страв дека нема да бидат вратени. А тоа, повторно, е многу поопасно од целна намера да се направи зло.

Затоа, најдобриот совет е пари да не се позајмуваат. Но, доколку навистина е неопходно, тоа не треба да се прави дома. Пред да се внесат парите дома, во мала шолја вода треба да се размати лажица оцет и исечкано чешне лук, да се издроби цвет, лист или стебленце од босилек.

Смесата трипати треба да се промеша со нож, а потоа со прстите од десна рака, трипати да се допре течноста и да се испрскаат парите или било што друго што се позајмило (облека, обувки, храна). Додека се прска во себе треба трипати да се изговори:

КЛЕТВИ И ЗАШТИТА ПРЕКУ СОЛ

Оние кои имаат намера преку позајмени работи свесно да подметнат и свои интереси и желби, обично тоа го прават со помош на сол и шеќер. Тоа може да го направат и директно, дарувајќи ги овие две намирници врз кои претходно бил извршен ритуал. Обично на предметот кој се позајмува се фрла прстофат сол со зборовите: „нека (името на предметот) и’ донесат волку „слатки“ работи.“

Иако злата мисла не е изречена, космичката сила ќе ја препознае пораката и таа како таква ќе му се врати на новиот корисник. Тоа може да се спречи така што на позајмениот предмет ќе се фрли прстофат сол и трипати се изговори: „Нека се тргнат од мене сите уроци!“.

Текстот е само информативен, дел од народните верувања.

Претходна статијаНародно верување: Вечерва е полна месечина, а со овој едноставен ритуал можете да привлечете богатство
Следна статијаБЕСА најави дека не се шегува и го одржа ветувањето: Поднесени амандмани до Собранието