На вчерашниот Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука за исклучување од партијата на потпретседателот, воедно и градоначалник Митко Јанчев.
Пред само десетина денови, ситуацијата во ВМРО-ДПМНЕ беше многу поинаква, па Јанчев се дрзна да даде и изјава во која порача дека ВМРО-ДПМНЕ е негов втор дом и нема човек што може да му го одземе тоа.
„Кој може мене да ме исклучи од ВМРО ДПМНЕ, па тоа е мојот втор дом, баш сакам да го видам тој што мене ќе ме исклучи од мојата партија, тоа е како некој да ви дојде дома и да ве измава од вашата куќа“, оваа изјава ја даде пред десетина дена градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев пред да влезе во „Белиот дворец” каде се гласа на ИК и ЦК за тоа дали партијата ќе оди на избори или ќе гласа за амандманите во собрание.
Од вчера Јанчев не е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ а по одлуката на партијата ќе остане и без членска книшка поради непочитување на статутот на својата веќе екс партија.