Исповед на дадилка: Не прифаќам да чувам заспано дете, бидејќи еднаш, една баба на своето внуче нешто му имаше дадено

0

Според една неодамнешна анкета, 74% од родителите во САД најмуваат дадилка барем еднаш месечно. Мнозинството од нив внимателно ја одбираат дадилката бидејќи не можат да му дозволат на секого да се грижи за нивното дете. Но понекогаш не се родителите оние коишто се загрижени, туку дадилките.

Дадилка објаснува зошто никогаш не прифаќа заспани деца
Една корисничка на Твитер, позната како Twatermellon, споделила приказна за поранешна вработена во градинка која имала строго правило коешто би требало да го следат сите дадилки – никогаш да не прифаќаат да се грижат за заспани деца. Ја споделила и причината за тоа.

Работев во градинка и ми кажаа никогаш да не прифаќам бебиња што спијат во седиште за автомобил, или што спијат воопшто. Па, ако мајката и таткото донесеа заспано дете, веднаш го будев и го вадев од седиштето за автомобилот. Ова не им се допаѓаше на многу родители, но такви се правилата.

Мислев дека причината е за да му помогнеме на детето да го следи распоредот, но еднаш една баба донесе заспано бебе кое воопшто не се будеше. Само ќе ја подигнеше главата, ќе зацимолеше и ќе се вратеше на спиење. Шефот веднаш повика брза помош, а бабата велеше дека бебето имало напорна ноќ и било уморно.

Го знаев ова бебе. Немаше да спие ако мислеше дека испушта нешто, а во позадина имаше пуштено музика и децата гласно пееја и играа. Во целиот хаос, бабата кажа нешто и во еден момент некој ги викна родителите.

Излезе дека бабата имала навика да им дава нешто на децата за да ги заспие кога се грижела за нив, но овој пат му дала нешто на 6-месечно бебе и затоа не се будеше. Мислам дека му го чистеа желудникот на бебето и дека мораше да остане во болница. Беа преземени потребните мерки и семејството се пресели.

Да разјаснам, излезе дека правилото постоеше бидејќи шефот знаеше дека има луѓе што го прават ова. Ќе му ја скршат раката на детето, ќе му дадат нешто за спиење и ќе го однесат кај дадилката која ќе го остави да спие цела вечер. Бидејќи бебето било цело време со дадилката, лесно е да ја обвинат неа за неговата повреда. Или уште полошо, бебето може и да умрело, и го прават ова за да ја обвинат дадилката.

Па да, до ден денес кога чувам деца, не ги прифаќам заспаните. Одбивам да се грижам и за децата во нивниот дом ако се заспани поради истата причина. Затоа и скоро целосно престанав да се грижам за деца, без разлика на тоа колку и да ги сакам. Навистина е тешко да гледам како родителите намерно донесуваат лоши одлуки.

Претходна статијаА кој не би сакал да го види: Луксузниот дом на Конор Мек Грегор (ФОТО)
Следна статијаПилотот на Тито: Три пати имав средба со НЛО