Груевски имал голем мерак да присуствува на собраниската седница, па не се појави во суд

0

Поранешниот премиер Никола Груевски, обвинет за нарачка на одмаздничкото уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, утринава ја искористи можноста како пратеник за да го одложи денешното рочиште за предметот на СЈО „ТНТ“ во Основниот суд Скопје 1.

Тој рече дека досега не се повикал на пратеничката функција, но смета дека денешната седница закажана во 11 часот е важна и треба да присуствува.

Претседателот на Судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев, рече дека доколку Обвинителството нема против, судот може да го одложи денешното рочиште за 25 октомври. Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми не кажа ништо против предлогот.

На денешното рочиште требаше да бидат изнесени материјални докази за предметот за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски.

За предметот „Т.Н.Т“, освен Груевски меѓу обвинетите се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Претходна статијаПротестите пред Собранието започнаа, но нема луѓе
Следна статијаДо каде може да одат: Нови цени на горивата во Македонија