ФОТО: Директори фатени живи како договараат сомнителна работа вредна четири милиони евра

0

Диловите и повеќемилионските спорни зделки кои државните директори ги склучуваат со приватните компании и понатаму се добитна комбинација на нашите простори. Српски „Блиц“ се пофали дека на лице место ги фатил директорите како на маса склучуваат бизнис вреден четири милиони евра.

Фотографијата е направена во еден белградски ресторан на улицата Сараевска, недалеку од железничката станица. На истата се наоѓаат три директори врзани со матни работи.

На истата се наоѓаат газда на приватна фирма со два вработени, татко и син. Потоа до него седи директорот на „Србија воз“, а преку него директорот за секторот за јавни набавки во „Србија воз“.

И сето тоа немаше да има ништо спорно, се мисли на фотографијата доколку „Блиц“ пред една недела не пишуваше за оваа матна зделка. Имено токму на фирмата со два вработени е доверена работа вредна четири милиони евра, уште во 2016 година, но работите не се завршени и сите рокови се пробиени.

Претходна статијаОколу името, Премиерот Заев даде пример со својата ќерка (ВИДЕО)
Следна статијаСообраќајниот хаос во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за малку ќе завршеше трагично – прегазен пациент