Вчера пред Собрание група од дваесетина граѓани протестираа против промена на Уставот со цел промена на уставното име Република Македонија.
„Нека не не лажат повеќе политичарите. Ништо не можат да донесат нивните програми. Ние ќе ги извадиме од тие клупи, не физички.
Нека дадат оставка. Кој треба да се помирува тука? Народот треба да ви прости, а тогаш ќе има помирување“, изјави Ана Бобинкова.
Сепак, на социјалните мрежи се појавија голем број на негативни коментари во врска со овој настан, затоа што центарот на градот беше буквално блокиран, поради протест на група луѓе која во никој случај не броеше повеќе од 50 личности.
-Ејјј, дваесет будали го блокираат цел центар, нормален народ не може да си оди дома после работа од нив. Нека протестираат во паркот, не да блокираат цел центар. Страшно“, стои во еден од коментарите.