Европскиот гигант не се шегува: Своите навивачи ќе ги праќа во Аушвиц

0

Англискиот премиерлигаш Челси најде лек за расистите на трибините на Стемфорд Бриџ кои ги има се повеќе.

Сопственикот на клубот, Роман Абрамович, кој е Евреин, сака да стави крај на сите оние кои го валкаат името на Челси, како на домашна, така и на меѓународна сцена. На навивачите кои ќе бидат забележани дека скандираат расистички слогани ќе им бидат понудени две опции: да го посетат озлогласениот нацистички камп Аушвиц или да го загубат сезонскиот билет и никогаш повеќе да не стапнат на Стемфорд Бриџ.

“Ако само се казнат луѓето, тие никогаш нема да го сменат своето однесување. Овој начин ќе ги натера да сфатат што направиле и самите да посакаат да се однесуваат подобро”, изјави претседателот на Челси, Брус Бак.

Делегација на Челси во април оваа година учествуваше на Маршот на животот што традиционално се одржува во Аушвиц.

Претходна статијаПолицијата на нозе: Исчезнаа девојчиња во Битола и Кавадарци
Следна статијаВо просек живеат по 120 години, па ни ракот не им може ништо