Бибер раскина и веднаш се вери: Позната е причината за брзата венчавка на славниот пар

Пејачот Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин, пред една недела конечно го потврдија она за што со недели претходно се претпоставуваше, а тоа е нивната венчавка.

Парот, судбоносното „да“ го кажал пред матичар во Њујорк, пред крајот на летото и наводно наскоро планираат и венчавка во црква, па потоа голема свадбена прослава со семејството и пријателите.

Сега на површина исплива и причината пради која избрзаа со венчавката и мора да се признае дека не е изненадувачка. Ако веднаш помисливте дека Хејли е бремена, се лажете. Но, токму таа е онаа која инсистирала на тоа својата врска што поскоро да ја озаконат, пренесува „People“.

„Бракот беше нејзина идеја. Хејли е паметна девојка и сакала да биде сигурна дека врската со Џастин е вистинска, па инсистирала на венчавка“, открил близок извор на парот. Со оглед на тоа дека Џастин ја запросил Хејли, непосредно после раскинувањето со Селена Гомез, на која ѝ се враќаше по којзнае кој пат, јасно е зошто манекенката, која исто така веќе еднаш прекинала со него, сакала што поскоро да го однесе пејачот до олтар.

Изворот открил и дека Џастин веднаш ја прифатил идејата, бидејќи сакал јавноста да ги сфати сериозно, како и дека Хејли веќе побарала промена на своето презиме во Бибер.

Loading...