Димче Мешковски раскажа за колку малку пари играл претстава и како заминал во Америка за да се излечи: Што прави сега легендата?

0

Легендата Димче Мешковски, познатиот актер кој за публиката познат како Мешко, во една прилика рече дека мнгу работел, многу шетал, а има многу малку фотографии од сите свои доживувања.

– Не сум водел многу грижа да приберам свој материјал, немам голема архива, за разлика од мојата ќерка Наташа која сè складира.

Сега ми е малку криво што бев така неорганизиран“, рече Димче во емисијата „Нешто плус со Кате“ пред неколу години.

Тој зборуваше за своето семејство. „Татко ми беше службеник, и мајка ми исто, во банка.

Имам прекрасни брат и сестра“, рече Мешковски, и раскажа дека освен по улогите, го паметат и по гласот, по неговата синхронизација на цртани филмови како „Попај“ и многу други.

Мешковски раскажа дека пресметал дека во неговиот театар има одиграно околу 6000 претстави, десетина претстави се по 300 пати играни, меѓу кои се „Болва во уво“, „Солунски патрдии“, „Собирен цетар“, „Викенд на мрт-овци“…

Потоа Мешковски покажа слика со својата колешка Мара Попара од гостување во Австралија. „во Австралија сме биле девет пати, во Канада 4 пати, во Америка исто така многу пати.

Во Америка имам и ќерка, така што почесто патувам, таа живее во Лос Анџелес“, рече Мешковски.

Тој покажуваше стари фотографии и меѓу нив се најде и една со Раде Врчаковски- Врчак.

На сликата е Мешко со неговата сопруга, со д- р Миодраг Врчаковски, неговата сопруга Софија Гогова- врчаковска и нивниот син Раде, се присети Димче на ова убаво пријателство.

Иако тој ја спомена својата ќерка која живее во Америка и рече дека кај неа често патува, коцките сосема поинаку му се наместија на славниот актер.

Сега Лос Анџелес е неговото постојано живеалиште, тој речиси седум години живее во Америка, ама кога ќе дојде во Скопје сака да рече: Живеам и таму, и тука, на Партизанска. Димче беше во Скопје во 2018 година и раскажа за својот живот близу Холивуд.

– Животот е убав и скап. Особено за нас, затоа што ние заминавме како пензионери, плус со сите мои здравствени проблеми. Веќе не можам да работам за да допиринесувам дома.

Егзистираме скромно, но врзани сме за ќерката и за внуката, затоа сме и таму. Една од причините што заминавме е американската медицина.

Во Лос Анџелес многу добро ме лечат, медицината таму е на највиско ниво. Стручни кадри, стручна екипа, медицинска техника до совршенство.

А јас, бидејќи имам повеќе од 65 години, имам право на бесплатно лекување“, рече Мешковски во интервју за Женски магазин.

– Сега веќе не сме со ќерка ми, сопругата и јас добивме свој стан, меѓутоа до нас е близу училиштето на нашата внука Леона. Ние ја зeмаме од училиште и поминуваме време заедно додека родителите и се на работа.

Прекрасно е, морам да кажам, Санта Моника е еден од најубавите делови на Лос Анџелес. Тука ни е близу океанот, палмите, и се што е најубаво“, додаде Мешковски кој е долги години во брак со сопругата Марица.

Тој иако имал многу здравствени проблеми, за нив зборувал како ништо страшно да не му се случило.

– Имам четири бајп-аса, имам проблем со колкот кој ми е два пати опериран, потоа паднав од велосипед па ја скршив коска на бутот, и сега сум инва-лид од колкот. Опе-рирав паратироидна жлезда, опасен некој тум-ор беше.

Па, имам прежи-веано мо-зочен удар, тежок арт-ритис, вити-лиго, одам на диј -ализа, ми откажаа бубрезите. Оперирав и хранопроводник и така уште неколку боле-сти, не можам сега сите да ги набројувам“, рече Мешковски во интервјуто.

– Вистина мислев дека луѓето ме подзаборавиле. Четири-пет години не сум бил дома, и пред тоа подолго време не снимав, не работев. Меѓутоа уште кога менувавме авион, од Виена за Скопје, ме препознаа луѓе.

Ми пријдоа: „О, господине Мешковски, како сте?“ Тогаш ѝ реков на сопругата: „Добро бе жено, не ме заборавиле луѓето“.

Кога беше во Скопје тој беше гостин во тогашната 1ТВ, во емисијата „Лица“ со Анета Кочишки. И раскажа дека се пенизонирал, а претставите во коишто играл се уште биле на репертоар.

-Се договорив со театарот да играм хонорарно. Бидејќи Драмски театар е мој театар, им реков: Нема да ви барам многу: 3000 денари за главна улога, и 2000 денари за епизода“, беше искрен Мешко.

Тој сега живее мирен пензионерски живот во Санта Моника, ја чува внуката и како што рече, драго му е што во Скопје не го заборавиле се уште.

Неговата ќерка Јасна, исто како и Наташа, познатата пливачка и некогашен првак на Југославија е убава жена. Мешко е горд на своите две убави ќерки и на внуката.

Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаНеимунизирано дете е заштитено како имунизирана баба
Следна статијаЗошто плаќаме туѓи гревови: Каква судбина ги спојува Сузана Турунџиева и Атиџе?