Место не го држеше 3 месеци овој мојов дома – после карантинот, другарка моја го фати со шваљерката во гаражи у Лептокарија

Онаа народната, жената, мажот последни дознаваат видов дека е вистина. Не дека не се сомневаш, ама едноставно не сакаш да поверуваш дека е тоа така и си живееш во илузија, ама до кога.

Со маж ми сме во брак седум години. Пред тоа, во врска бевме осум години. Од прва година средно, у школо се фативме. Додуша моите дома ми велеа, немој ќерко да се врзуваш, не можеш во животот со еден да поминеш, ниту тој ниту ти, ама знаете како е младешка љубов.

Интересно е дека сè додека не се омажив, за мене постоеше само Мартин на светов, а мислам и јас за него. Но, откако се зедовме, работите како да почнаа да се менуваат.

Видете што е интересно. Дури бевме во врска, ниту јас имав потреба да искачам без него, ниту тој без мене. Не се двоевме, постојано бевме заедно.

Нит другари гледаше нит ништо. Гледаше само како ко ќе остане сам дома да дојдам кај него, или обратно.

Ама штом се зедовме и му станав целосно достапна, Мартин почна да го интересираат другари, излегувања со другари, дружења, кафани, кафичи…

Јас имав комплетна поддршка и разбирање за неговите потреби. Бев свесна дека тој многу од дружбите пропуштил. И го пуштав, не му правев проблеми. Па и јас си излегував со другарки.

Ама што си излегував, тоа дури не забременив. Потоа едно дете, па уште едно. Јас првите пет години од брак бев практично дома. Сега последниве година, две ако успеам некое кафе со другарки.

Нејсе, никогаш се немав посомневано дека има отидено предалеку. Но се случи ова со пандемијава и седењето дома. Првите неколку денови беше се ок, као еј супер ни е. Но како одминуваше времето почнав да забележувам нервоза кај Мартин.

Почнаа кавги за глупости, лутење, за друго нешто да не ни зборувам. Не ме ни погледнуваше. И повторно не се сомневав во нешто повеќе од тоа дека еве, нервозен е дека му фалат пријателите, кафаните и толку.

Но човеков последниве денови од април како да збесна. Не можев да го препознаам. И тогаш се случи да се смени полицискиот час од 4 во колку што почнуваше, го преместија во 7.

Мартин си доаѓаше дома во 6 и 45. Кога ќе го прашав кај бил, ми измислуваше или дека заглавил на работа, најчесто та, или нешто на мајстор соколата. Бидејќи кафаните не работат, па не можеше тоа да каже.

Кога еден ден ми се јавува другарка моја школска што живее во Лептокарија. Вика, абе го видов овој твојот. Каде ма? Па вика си дојдов околу 6 од работа и да паркирам у гаража доле, кога колата на твојот, седеа со женска особа.

Значи не правеле ништо, не ми кажа другаркава таква работа, ама не значи дека ден претходно, или потоа не го правеле и тоа. За срамота. У кола.

Како да ви кажам, ми се сруши цел свет. Се правам сега дека ништо не знам и ковам стратегија. Не помислувам да му правам вратка или такво нешто. Сепак, имам јас доастоинство. Но некако ќе му се одма здам сигурно. Пред да побарам развод секако.

Се консултирам со адвокати како да останат децата со мене и како да земам повеќе од имотот. Немаме којзнае што, едно станче, ама да и го оставам ли на некоја пачавра што ќе ја земе после мене. Тој сега не размислува дека има две деца, а таа ќе го шутне сигурно.

Обработи: П.П. Фото Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама