Се молев на Свети Василиј Острошки цел ден, сонлива тргнав кон манастирот, а тој ми ја испрати оваа порака

Годишниот одмор го сонував, го чекав, му се радував, но и си ветив дека ќе се одморам најмногу што можам. Зад мене остана една порна година, а сето тоа можеше да се реши со еден пат до море, а по пат и посета на манастирот под Острог, каде планирав да се поклонам пред Свети Василие Острошки. Од денот кога дознав за овој Светец, постојано ја барав неговата помош, му се молев и секогаш бев спокојна кога и да го повикав.

Иако, како што се кажува по народот дека не се планира да се оди под Острог, јас испланирав дека еден ден од одморот ќе го резервирам за да отидам да потражам благослов од Свети Василие Остршки. Луѓето кажуваат дека светецот не дозволува на грешните и лажните луѓе да се приближат кон него. Тие луѓе паѓаат во несвес, кома, плачат. Монасите ги носат на ваздух и се молат за нив и им сипуваат света вода.

Loading...

Само вистинските покојници можат да помолат на светецот. Неколку пат одев, пешки се качував по скалите до манастирот и никогаш не почувствував замор. Ништо освен упорност и благослов. И овој пат сакав истото да го почувствувам, бидејќи животот кој ни се наметнува, всушност ни ги зема тие две чувства, да можеме се да издржиме, колку и да ни е тешко,а има нада дека тој не чека, само да не се откажеме.

И оваа лето мислев, а не е добро да се планира, дека мирот кој го изгубив, да го побарам од светецот. Еден ден помивам сметајќи колку ќе ме чини патот до таму, кога да одам, кого да водам со себе, дали ќе се изморам, а тоа ме загрижуваше најмногу бидејќи заморот ми стана едено секојдневие.

Вечерта заспав со молитва, но вознемирена и се најдов на добро познатиот пат. Го запамтив секој камен, стебло и знаев дека се качувам кон Манастирот. Беше толку многу вистинско. Се разбудив мирна и спокојна после толку многу време. Многу се променив од последната посета на манастирот, дозволив луѓето да ме сменат, а јас тоа им го дозволув. Страв, и злоба владееја со мене. Но, кога се разбудив од сон, потполно мирна, одлучив да одам на Острог.

Но, тој не ми дозволи. Ме стопираше уште кога направив еден чекор, пропаднав и летав два метра во мрак. Таа ноќ тргнав на шетање насмеана, среќна, задоволна, не сметајчи дека следниот момент ќе лежам сама во мрак, покриена со пот и со силна болка. Местото каде се шетав не беше осветлено.

Пропаднав, несвесна што се случува, а само слушнав дека пука коска. Тој не ме напушти, и тогаш беше до мене. Ме стопираше да не боцнам на шилците од арматурата која била во земја до мене.

Ми испрати порака, дека не сум била спремна да чекорам кон него, како некогаш. Не бев чиста, мирна и спокојна како некогаш. Дозволив оваа злобно време и злобни луѓе да ме сменат, да станам и јас таква, несреќна, несигурна, исплашена, без насмевка и задоволство.Ме потсети дека ова што го имаме е сосема доволно да идеме напред со чиста душа .