Лепа Брена со солзи во очите го напушти студиото на „Гранд“ поради една многу тажна причина

Лепа Брена видно се вознемирила и расплакана го напуштила студиото поради една многу тажна причина.

Во емисијата била пуштена снимка од Дивна Карлеуша, која почина на 4 март, а во позадина одела балада од Лепа Брена.

Многу тешко ѝ паднало да го гледа видеото, па ја напуштила просторијата, а когаа се вратила не изустила ниту еден збор.

Потоа Саша Поповиќ им се обратил на сите и кажал што би направила Дивна.

Јас знам една работа, Бренa ова многу ја погоди…Доколку Дивна беше жива ќе ни кажепе: „Сале, не тагувајте, распукајте весело, јас сакав музика, секогаш сум ги сакала пејачите, ве поддржував.

Ти благодарам, Дивна, на се, рекол Саша на снимањето на специјалната емисија на „Ѕвездите на Гранд“.

Јелена Карлеуша одлучила куќата на својата покојна мајка Дивна да не ја продава затоа што сака на тој начин засекогаш да го зачува споменот за неа.

Јелена отсекогаш истакнувала дека е многу блиска со Дивна, па нејзината смрт многу тешко ја поднесува. Решена е куќата на Дивна да не ја продава, а нема ниту да ги исфрли нејзините работи и облека. Сака се’ да остане недопрено за да ја потсетува на нејзината Дивна“, рекол добро информиран извор.

Дивна не сакаше да ја напушти куќата, иако Душко и Јелена имаа желба да и’ купат голем луксузен стан во центарот на Белград. Во таа куќа и Јелена го помина своето детство и живееше заедно со Дивна откако нејзините родители се разведоа“, додал изворот.