Јована Јоксимовиќ за „инает“ се појави во проѕирна блуза со тантела во утринската програма ФОТО

Водителката Јована Јоксимовиќ со последната модна комбинација со која ја водеше утринската емисија на српската телевизија „Прва” ги разочара обожавателите. Имено, таа беше критикувана од нивна страна, а гледачите на Твитер започнаа и дискусија дали нејзиниот фустан е вистинскиот избор за појавување на телевизија.

Во прашање е фустан со долги ракави, во боја на кожа и со впечатлив црвен детаљ над градите, додека во долниот дел потсетува на здолниште, исто така во црвена боја.

Дека не се осврнува на тоа што луѓето зборуваат и пишуваат на социјалните мрежи водителката покажала и со стајлингот во денешната утринска програма.

Српската водителка Јована Јоксимовиќ пред неколку дена беше на удар на критиките на гледачите кога не им се допаднало како се облекла во утринската програма на телевизија „Прва“.

Социјалните мрежи тој ден „гореа“ од коментари и дебати, а Јована Јоксимовиќ за сето тоа даде еден коментар за „Блиц“:

„Ако е најголем проблем во нашата земја што сум облекла… Тогаш тоа ме радува и забавува во исто време.“

Дека не се осврнува на тоа што луѓето зборуваат и пишуваат на социјалните мрежи водителката покажала и со стајлингот во денешната утринска програма.

Сопругата на Жељко Јоксимовиќ се појавила во слична комбинација, а на себе имала проѕирна блуза со тантела.

Loading...