Астролозите јасни: Овој женски хороскопски знак е осуден да биде сам

Според мислењето на астролозите, хороскопот може да открие многу аспекти од нашата личност, како на пример способноста да се биде во врска, одржувањето на бракот и изборот на партнерот. На некои луѓе тоа им оди многу лесно, додека, пак, некои тешко ја пронаоѓаат личноста што им одговара.

Имајќи го тоа на ум, еден од хороскопските знаци се издвојува од останатите, бидејќи има толку многу критериуми што најчесто е осуден на самотија. Тоа е жената родена во хороскопскиот знак Јарец.

loading...

Нејзиниот однос кон животот е реален. Таа ја сака постојаноста, а ги цени само оние луѓе кои поседуваат одредени вредности во согласност со нејзините сфаќања. Не сака да губи време на несериозни и незначајни ситуации во животот.

Таа ги презира бесмислените разговори. Многу добро знае да донесе точна проценка и е одличен организатор. Во работата, како и во животот, не сака по секоја цена да го привлече туѓото внимание. Работи дискретно и вредно како пчела. Самотијата е нејзиното засолниште. Таа самата одлучува да живее на страна. Не би можело да се каже дека е голем оптимист, бидејќи таа го сфаќа животот премногу сериозно.

Убава кожа, елегантен врат, витки колкови и женствена фигура – тоа се најтипичните физички карактеристики на жените кои припаѓаат на овој знак. Изразот на лицето им е најчесто сериозен и со него даваат слика на една моќна, независна личност. Лојални, верни, одговорни, тврдоглави и амбициозни, овие жени се бестрашни и храбри во остварувањето на своите цели. Никогаш не се откажуваат и способни се да направат сѐ за семејството и оние луѓе кои ја докажале нивната доверба пред нив. Станува збор за жените родени во знакот на Јарец.

Нивната интелигенција и практичност доаѓаат до особен израз на работното место и единствената маана им е тоа што се во состојба толку добро да ги сокријат чувствата што ќе се збунат и себеси и другите околу нив. Секогаш се разумни и никогаш не ги прават работите против својата волја. Сакаат да се социјализираат и да се забавуваат со пријателите. Имаат оптимистички поглед кон животот и со својот морал и карактерна сила се способни успешно да ги совладаат своите непријатели.

Жената Јарец е силен емпат, ги разбира другите и сочувствува со нив. Ги распознава нивните дарби и слабости и подготвена е да помогне во секој момент на каков било начин. Како пријател е незаменлива и дарежлива, како сопруга е горда на своето семејство и исполнета со љубов и почитување, а како мајка е организирана личност која еднакво ги сака и дисциплинира своите деца. Нејзиниот карактер е еден од најмоќните во хороскопот.

Не очекува дека партнерот ќе ѝ донесе многу среќа и не верува во чуда. Кога ќе добие некакво задоволство, не го сфаќа тоа како обврска дека треба да возврати на истиот начин, туку како подарок. Не дозволува да биде лесно освоена. Кај неа љубовта не може да се појави како гром од ведро небо.

Жената Јарец ретко доживува голема љубов. Кога ќе се вљуби или подобро кажано кога ќе одлучи да го признае тоа, тоа обично се случува по долго познанство со некој маж. Кај неа љубовта се раѓа бавно и ретко.

Кога ќе одлучи да се врзе за некого, тоа е за цел живот. Ниту времето, ниту разделбите не можат да ја уништат нејзината љубов. Но, нејзиниот партнер мора да покаже максимално трпение.

Поради овие причини голема е веројатноста припадничките на овој знак да останат немажени до крајот на животот. Оние кои се мажат, тоа го прават во зрелите години предводени повеќе од разумот отколку од занесот на срцето.

loading...