Варошлија: Мојот дечко го избркаа од дома кога неговите дознаа за нас

Модниот стилист Сергер Варошлија, а од неодамна и водител и критичар во своето студио за мода на 1ТВ, секојдневно на тапет има анонимни девојки кои ги фали или критикува за нивниот имиџ и моден израз.

Пред неколку дена Варошлија на телевизија изјави дека имал и неколку најави за тужба, а пак неодамна на критиката јавно му се спротивстави преку социјалните мрежи и сопственичката на студио „Сикрет“, Бети.

Познатиот стилист и ТВ-водител, Сергеј Варошлија, и понатаму ја шокира јавноста со контроверзните коментари и изјави во неговото модно шоу кое се емитува на „1ТВ“.

И покрај неколкуте претставки до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) упатени од револтирани гледачи кои го обвинуваат дека ги прекршува правилата за користење на лични податоци и дека користи „говор на омраза“, Варошлија не отстапува од својот концепт.

Минатата година токму во неговата матична куќа, Сергеј во емисијата „Лица“ на Анета Кочишки како никогаш досега зборуваше за животните подеми и падови, за зависноста од наркотици, својата сексуална ориентација, за деновите исполнети со неизвесност и страв.

„Бев киднапиран среде бел ден, морав да му се јавам на татко ми кој имаше рак“, „Ќе бидам неискрен ако кажам дека е неточно дека консумирав дрога“ и „Мојот партнер е избркан од дома кога неговите дознале дека е со мене во врска“ се само дел од изјавите на Варошлија кои тогаш не ја оставија рамнодушна македонската јавност.