Шабан Шаулиќ го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

Ѕвездата на народната музика во автомобилот, според неофицијалните информации бил со возачот и кумот, а несреќата се случила во околината на Билефилд каде пеел.

елевизија Пинк пренесува дека сообраќајната несреќа се случила утрината околу 7 часот, а со него во автомобилот бил неговиот кум, Слободан Стојановиќ Боби, кој исто така е тешко повреден.

Шаулиќ е превезен во најблиската болница, лекарите се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат, потврдено е официјално за дел од српските медиуми.

Loading...