Преубавата водителка на „Ѕвездите на гранд“ пред 12 години има глумено во овие два филма ВИДЕО

Познатата водителка на „Ѕвездите на гранд“ Сања Кужет пред 12 години се има пробано во улогата на актерка.

Иако таа не добила една од главните улоги, Сања во филмот глумела девојка на еден од актерите.

За време на студирањето на Факултетот за географија, Сања работи и како модел, а потоа по наговор на тетка и ќе се пријави на аудиција за телевизиски лица на тогашната БК ТВ каде ќе ја започне нејзината водителска кариера.

Подоцна се префрла на “ТВ Пинк”, каде што работеше во информативни и забавни емисии, а остана запаметена како водителка на ТВ Бинго.

Покрај “Ѓаволовиот воин”, таа ќе се појави во 2010 година и во филмот “Ера на невиноста”, а денес со ангажманот во “Ѕвездите на Гранд”, важи за една од омилените водителки во Србија.

Таа во актерските води не се пронајде, па не се задржа многу, но од тоа што може да се забележи е дека одлично се снаоѓа во оваа улога.

Водителката на „Ѕвездите на Гранд“ , Сања Кужет во интервју за српските медиуми открила дека не планира да се мажи по втор пат притоа потенцирајќи дека статусот на невенчана сопруга многу и се допаѓа.

Нашиот статус е невенчани сопружници, нас ни е убаво. Можеби поради тоа што имав еден таков статус и моменталниот статус не ми е важен. Ние ја најдовме суштината, имаме заедница и ни е преубаво“, изјавила Кужет во една емисија.

Инаку, водителката и сегашниот партнер се запознале пред повеќе од 10 години на островот Крит.

Видеото на кое можете да ја видите како изгледа пред 12 години е на 0:56 секунди.

Loading...