Епа нема појак концерт мајстор – Аца Лукас синоќа го дигна во вис Скопје (ВИДЕО)

Феноменот наречен Аца Лукас, веќе две децении жари и пали на просторите на поранешните Југословенски простори. Српскиот пејач го следат многу контроверзи, на социјалните мрежи се појавуваат видеа во кои тој едвај зборува, се шпекулира зошто е тоа така, дали може злоупотребува недозволени супстанции, дали алкохолот го прави своето…

Но знаете како вели народот, “зад добар коњ, прашина се дига”. Така е и со Аца Лукас сиве овие години. И покрај сите критики на неговиот приватен живот, тој каде и да се појави предизвикува еуфорија, салите се полни, публиката заедно со него ги пее неговите хитови. Слично беше и синоќа во Скопје, во салата Борис Трајковски. Прва на сцената настапи Милица Павловиќ. Потоа, атмосферата ја загреа Пеџа Меденица со своите хитови, “Доџеш ми у сан”, “Нека боли”, “После тебе” и многу други.


Фото: Петар Попоски galama.mk

Конечно, некаде околу 23 часот, на сцената се појави најголемата ѕвезда, Аца Лукас, човекот поради кого синоќа дојдоа најмногу од посетителите. Дека се работи за пејач од голем калибар, можеше да се забележи од неговото стапување на сцената, првата песна “Волиш ли ме” и дирилиумот кој настана во публиката.


Фото: Петар Попоски galama.mk

Лукас ги отпеа сите негови големи хитови, но и нови нумери за кои ја замоли публиката да ги научи, за на следните настапи да ги пее заедно со него. “Ово морате да научите”, им порача Аца Лукас.


Фото: Петар Попоски galama.mk

Мора да се напомене организацијата на концертот која помина беспрекорно. Од крајот на оваа година, во салата Борис Трајковски, концертите ги организира нова продукција, “Balkan Music Production” и веднаш можеше да се забележи високото ниво на професионалност во организацијата за разлика од порано. Немаше турканици на влезот, внатре во арената имаше завиден број на луѓе од обезбедувањето кои го контролираа редот, едноставно, сè си беше на свое место.


Фото: Петар Попоски galama.mk

Сè на се, одличен предновогодишен концерт, прекрасна забава која ќе се памети, во очекување на следните ѕвезди кои ќе ги донесе Балкан во следниот период. Во продолжение, погледнете го видеото од качувањето на сцена на ѕвездата на вечерта Аца Лукас и неговата прва нумера на концертот. И секако, лајкнете ја нашата фан страна.

Аца Лукас во живо – “Волиш ли ме”

Публикувахте от Галама в Неделя, 30 декември 2018 г.

Текст и фото: Петар Попоски