Ослободете ги градите: Денес се слави светскиот Ден без градници

Веќе неколку години по ред на денешен датум, на 13 октомври се одбележува Денот без градници.

И иако можеби ќе помислите дека мажите во овие 24 часа ќе уживаат во убавиот поглед, сепак ова навистина е женски ден. Всушност, неколку жени се досетиле да го одбележат овој ден во годината каде што женските гради нема да бидат заробени. Како што тврдат организаторките, женските гради се природно убави и не треба да се кријат во градници.

Но не само тоа, на овој начин се искажува поддршка на жените што се заболени од рак на градите, во суштина цел месец октомври е месец на борба против ракот на градите.

Секако, Твитер е преплавен со постови под „#NoBraDay“ (ден без градник), каде што може да се види буквално сè од секс-фотографии со пораки за поддршка и палави коментари.

Loading...