Знаете ли зошто возачите во Холандија кога излегуваат од кола, вратата ја отвораат со десна рака

Кога се излегува од автомобилот, речиси секој возач вратата ја отвора со лева рака. Меѓутоа, тоа никако не е добра идеја затоа што може да има сериозни последици.

Откако ќе го паркирате автомобилот на улица, свртете се и отворете ја вратата со десна рака. Така ќе ја свртите главата наназад и ќе имате можност на време да видите дали покрај вас поминува велосипедист или мотоциклист кој со отворање на вратата би можеле да го турнете, или пак друго возило кое ќе ви ја откине врата, а може и вас да ве повреди.

Тоа се случува почесто од што мислиме. На пример велосипедистот не може дали возачот баш во тој миг ќе излезе од возилото, а возачот не гледа што се случува на улицата туку автоматски со лева рака ја фаќа рачката на варата и ја отвора. Тука станува збор за секунди кои може да значат живот.

Отворање врата со десна рака всушност го принудува возачот да го сврти горниот дел од телото, а тогаш доста поголем дел од улицата се наоѓа во неговото видно поле. Во Холандија возачите внимаваат на тие работи па доста почесто ја користат десната рака.

Loading...